Убавата украинска новинарка Влада Седан, која е позната и како девојка на Олександер Зинченко од Манчестер сити, со кого често се бакнуваат за време за интервјуа, гостувањето на Португалија во нивната земја го искористи за да дојде до Кристијано Роналдо, да му земе изјава и да се фотографира со него.
Фотографиите кои Влада ги објавува на „Инстаграм“ обично имаат 20 до 30.000 лајкови, а на фотката со Роналдо само за осум часа доби 60.000 допаѓања, а сега има и повеќе од 75 илјади. Ова е нејзин рекорд по бројот на лајкови, а под фотографијата напиша кратко и јасно со кого се сликала: „Легендиште“.