Се враќа клупскиот фудбал, се зголемуваат шансите за освојување на iPhone XS

По завршените октомвриски возбудувања во репрезентативниот фудбал, повторно се враќаме на клупските натпревари. Во сите најсилни лиги во Европа викендов ќе има натпревари, а стандардно на Спортска прогноза ви нудиме интересни дуели за играње.

Големото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул е во прв план од понудата во седмото коло, но секако има и други мечеви кои имаат исто значење кога се работи во трката за освојување на главната премија, а тоа е мобилен телефон iPhone XS.

За добивање на iPhone XS потребно е да имате безгрешно прогнозирање и да погодите „Среќна 13-ка“. Џенова, за која игра капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев, ќе гостува кај Парма, која знае да биде опасна посебно на свој терен, а во еден од поинтересните мечеви во Франција, Бордо игра против Сент Етјен.

Освен iPhone XS, за секое коло подготвени се и вредносните ваучери од по 1.000 и 500 денари за сите оние кои ќе погодат 12 или 11 погодоци. Продолжете да играте Спортска прогноза бидејќи на тој начин останувате во чекор и во Генералниот пласман, каде што на крајот од сезоната ќе има примамливи подароци за најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести