Би било вистински спектакл уште еднаш да се види Конор Мекгрегор во октагонот на УФЦ. Легендарниот ирски борец ги запали социјалните мрежи откако му порача на Френки Едгар дека ќе се видат во декември, кога е закажан новиот настан на УФЦ 245.
Конор му честиташе роденден на Американецот, притоа му порача дека ќе се сретнат во декември, на што Едгар одговори дека веќе прифатил и останува Дејна Вајт, претседателот на УФЦ, да ја огранизира борбата. Мекгрегор не застана тука, додаде дека не му треба хонорар, а предвидените пари за него да бидат донирани во хуманитарни цели.
За предвидениот настан веќе се закажани три борби, а треба да се направи распоред според кој борбата меѓу Мекгрегор и Едгар би била во главниот термин иако нема да се борат за титула. Самиот Мекгрегор е доволно добра причина да биде главен спектакл од маркетиншки аспект.
По ова се гледа дека на „Озлогласениот“ не му се важни парите бидејќи бизнисот со вискито му „цвета“, а сака да ѝ се врати на својата долгогодишна љубов, со која раскина во јуни годинава. Мекгрегор последен пат се бореше минатата година на УФЦ 229, кога загуби во спектаклот против Хабиб Нурмагомедов.
There you go White, make the bout. Give my purse to charity.
First responders.
One for All! @ProperWhiskey— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) October 16, 2019