Мекгрегор два дена пред својот роденден најави пензија – по вторпат

Конор Мекгрегор ги збуни своите фанови со објавениот „твит“ дека повеќе нема да се бори. Се чини како потврда дека ирскиот борец отсега ќе ужива во пензијата, а тоа го прави на два дена пред неговиот роденден. Мекгерор утре полни 31 години, а објавата во која пишува: „Нема да ми верувате ако ви кажам дека сум готов“, е од вчера наутро.

Но, нели Конор веќе се пензионираше? Поранешниот УФЦ шампион и во март годинава напиша малку поофицијален „твит“ дека се повлече од активното борење.

Се испостави дека Мекгрегор не случајно напиша по вторпат дека е готов. Наводно, се вршеле напори да се организира борба меѓу него и борецот кој пред неколку дена постави рекорд во УФЦ за најбрз нокаут, Хорхе Масвидал. Можеби Мекгрегор сака да потенцира дека нема намера да се бори, но кој знае, можеби и заборавил дека веќе е во пензија од прекумерено конзумирање на неговото брендирано виски.

- Оглас -

Најнови вести