Спортската прогноза станува сè попривлечна, одиграјте ја седмата рунда

На ред е седмото коло од втората сезона на Спортската прогноза. Може да се типува до утре, до 15 часот, па не е доцна да се приклучите со своите прогнози. Можеби бројот 7 ќе ви биде среќен во играта што станува многу популарна со илјадници учесници во секое коло.

Сè што е потребно е да имате Sport Life клуб картичка и да типувате на 13+2 пара кои ги подготвивме за вас.

Колото е во тек за прогнозирање, а фактички почнува со дербито во Италија меѓу Лацио и Аталанта што ќе се игра утре, од 15 часот, на „Олимпико“ во Рим. Тоа е последниот термин за да се вклучите во играта, односно во седмото коло.

Во фокусот ќе биде и дербито на најтрофејните екипи во Англија, Манчестер јунајтед и Ливерпул на „Олд Трафорд“. Меѓу нив има огромен ривалитет. Во трката на двете најтрофејни екипи, Црвените ѓаволи имаат предност од 20:18, но моментно Ливерпул игра многу подобро и е на добар пат да се закити со 19-ти пехар во Премиер лигата.

Во понудата е и бундеслигашкото дерби помеѓу двете Борусии, а ќе се игра во Дортмунд, на „Сигнал Идуна парк“.

Има уште доста интересни двојки од основната понуда со 13 пара, што важат за наградите во секое коло. Наградите ви се веќе познати, а премијата во секоја рунда е „IPhone XS“. За една утка Sport Life ќе ве награди со ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 натпревари се добива ваучер од 500 денари.

Важно е да се погодат и резерните двојки, а овојпат за вас ги одбравме дуелите меѓу Атлетико Мадрид и Валенсија и Еспањол со Вилјареал, и двата од шпанската Ла Лига. Доколку го погодите исходот, тоа се два бонус поени за вас во Генералниот пласман.

Најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот на сезоната ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

 

- Оглас -

Најнови вести