Куферите беа подготвени, но мораше да го откаже патувањето во Мадрид

Заплашувањето кон фудбалерите на Реал Мадрид дека ако не победат во Истанбул, за тренер ќе им го донесат Жозе Мурињо, даде резултат. Играчите на најтрофејниот клуб во ЛШ ја исполнија целта, освоија три бода, и сега се во добра позиција да го освојат второто место во групата.

Реал и да ремизираше во Истанбул, па дури и да загубеше, тоа немаше да биде трагедија, бидејќи и Бриж не освои бод против ПСЖ. Сепак, вака Зинедин Зидан полесно дише и си обезбеди останување на клупата уште некое време.

Мадридските бели имаа проблеми, на почетокот ги спасуваше Куртоа, кој конечно бранеше како што очекуваат во Реал, а и нападот не се прослави. Од 27 шута, и 13 во рамките на голот на Галатасарај, шпанскиот тим даде само еден гол, а Еден Азар утна празен гол, поточно ја погоди пречката од 7-8 метри.

Кикс на Реал чекаше Мурињо за кој се зборува дека со задоволство би се вратил ако Зидан биде сменет. Португалецот е во Лондон, и можеби му беа спакувани куферите за преселба во Мадрид, но му дадоа шанса на Зидан, и Мурињо ќе мора да чека друга прилика за враќање на тренерската позиција во Реал.

- Оглас -

Најнови вести