Челзи за нешто повеќе од еден час за првпат ќе игра против Ајакс во европските купови, од 18.55 часот ќе почне пресметката на „Амстердам“ арена, стадион кој остана во супер спомени за англискиот клуб.
На 15. мај во 2013 година Челзи го освои првиот од двата трофеи во Европа Лигата што ги има во колекцијата.
„Можеби не сме играле против Ајакс, но знаеме како е да се игра во Амстердам“ е твитот на клупскиот профил на Челзи на Твитер.
Пред шест години Бранислав Ивановиќ со гол во последните моменти му донесе пехар на Челзи на „Амстердам арена“ во финалето во Европа Лигата против Бенфика.
We may have never played Ajax in European competition before, but we have played in Amsterdam… 🏆 pic.twitter.com/kW9EJdh0QH
— Chelsea FC USA (@ChelseaFCinUSA) October 23, 2019
Мечот заврши со победа на сините од Лондон со 2:1, а српскиот репрезентативец погоди со глава во последен момент што предизвика еуфорија во таборот на Челзи, но и кај навивачите.
Вечерва ангилскиот клуб повторно ќе игра на стадионот што е среќен за нив, за првпат против Ајакс во европските купови, а на ред е меч од третото коло во Х групата од Лигата на шампионите.