Погоди неверојатен коефициент од 19.557 и сега може да освои МИЛИОН!

Изминаа само неколку дена од стартот на играта Втора шанса за милион со Sport Life, а веќе имаме неверојатен тикет. Во Крива Паланка во вторникот бил уплатен тикет на којшто имало 20 парови, уплатата била само 20 денари, а можната добивка изнесувала 547.602 денари, бидејќи вкупниот коефициент изнесувал 27.380.

Риста М. е експертот кој го уплатил тикетот на којшто има 19 погодени натпревари, а единствено Вест Бромвич албион – Барнсли му е утнат фикс. Очекувањата биле дека ВБА ќе победи (коефициент 1,40), но дуелот на крајот заврши 2:2. Барнсли на полувремето водеше со 2:0, ВБА во 81-вата минута израмни на 2:2, но домаќините немаа сили за целосен пресврт, што ќе му донесеше речиси 550.000 денари на Риста.

Сепак, овој обложувач никако не смее да биде разочаран бидејќи со овој тикет сега изби на првото место во играта „Втора шанса за милион со Sport Life“, што значи дека на крајот може речиси двојно повеќе да заработи од тоа што му била можната добивка на тикетот, односно точно еден МИЛИОН денари.

Далеку зад лидерот е второпласираниот Рамазан Т. со погоден коефициент 5.637,3, додека на третото место е Николче Т. со погоден коефициент 4.396,34. Во Топ 5 засега има место и за Панче К. (3.738,84) и Благој Ѓ (1.918,76).

Иако делува дека лидерот е многу далеку од останатите, играта трае до 19 декември, што значи дека има уште многу време за погодени коефициенти.

ВО ТРКА ЗА МИЛИОНОТ САМО СО ТИКЕТИ СО ЕДНА УТКА

За учество во играта Втора шанса за милион, потребно е да имате SL картичка (доколу немате, извадете ја бесплатно во кој било објект на Sport Life) и да чекате да освоите 1.000.000 денари дури и без добитен тикет.

Во трка за милионот влегуваат оние тикети на коишто има само еден утнат тип, а се пресметува коефициентот на погодените натпревари. Предвид се земаат првите десет уплатени тикети во текот на еден ден, од коишто на контото на играчот се додава само оној тикет којшто има најголем коефициент без утнатиот пар.
Рангирањето е според освоениот збирен погоден вкупен коефициент во времетраење на акцијата, која ги опфаќа сите несистемски тикети (со една комбинација), тикетите уплатени во живо и микс тикетите со најмалку три натпревари и еден утнат пар.

Шампионот во „ВТОРА ШАНСА ЗА 1 000 000“ ќе добие ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ, а подароци ќе има и за останатите четворица најдобри, и тоа:

второ место –  1.000.000 поени СЛ Маркет
трето место –  500.000 поени СЛ Маркет
четврто место –  300.000 поени СЛ Маркет
петто место – 100.000 поени СЛ Маркет

- Оглас -

Најнови вести