Лестер запиша сензационална победа од 9-0 на гостувањето кај Саутхемптон на отворањето на 10-тото коло во Премиер лигата. Опасните Лиси на Брендан Роџерс ќе пренојат на втората позиција на табелата со еден бод повеќе од шампионот Манчестер сити, остварувајќи најдобар старт во клупската историја.
Англискиот првак од 2016 година немаше милост кон Светците и со осум погодоци на „Сент Мери“ ги потврдија сериозните намери да се наметнат на „големата шестка“ во Англија. Свое шоу на мечот имаше Ајозе Перес, запиша хет-трик и при тоа изнуди црвен картон во раната фаза од мечот, по што започна потопот, а три гола постигна и Џејми Варди за избив на првото место на листата стрелци со девет гола.
Гостите дури петпати ја тресеа мрежата во првото полувреме, Шпанецот стрелаше во 19-тата, 39-тата и 57-та минута, додека на спектаклот се приклучија од претходно Чилвел и Тилеманс, Медисон од слободен зголеми на 8-0.
Лестер по 10 кола освои 20 бода, остварени се шест победи, а колку всушност се опасни говори статистиката дека се втора најефикасна екипа со 25 погодоци, четири повеќе од лидерот Ливерпул. Само Сити има подобар учинок од Лестер, 29 гола постигнаа Граѓаните на девет меча.4
https://www.youtube.com/watch?v=dicrhB0fkXo