За малку ќе му ја скршеа ногата, се налути и ги „уништи“ (видео)

Лестер сити во овие моменти води со огромни 5-0 на гостувањето кај Саутхемптон по првото полувреме, меч кој се игра во рамки од 10-тото коло во Премиер лигата. Опасните Лисици предовдени од Брендан Роџерс со веќе остварената победа ќе бидат втори на табелата пред актуелниот првак Манчестер сити.

За нови три боди кои ги делат уште 45 минути, голем придонес има Ајозе Перес. Шпанецот при резултат од 1-0 изнуди црвен картон, а воедно имаше среќа што противникот не му ја скрши ногата. Тоа го налути Перес па за брзо следуваше неговото 20-минутно шоу за 3-0, односно 4-0. На листата стрелци претходно се запишаа Чилвел и Тилеманс, а Варди ја продолжи голгетерската форма со осмиот овосезонски гол во англискиот шампионат и зголеми на недостижни 5-0 за Светците од „Сент Мери“.

Два гола како да не беа доволни за Перес, па шпанскиот офанзивец запиша хет-трик на стартот од второто полувреме за 6-0.

Погодоците на Перес можете да ги видите ТУКА, ТУКА и ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести