Менаџерот на Арсенал Унаи Емери продолжува да го игнорира Месут Озил и да не го става во составот на англискиот тим. Стратегот беше запрашан зошто Озил никако не може да го видиме на теренот во дресот на Топчиите, а одогворот беше повеќе од конфузен и нејасен.
„Еве ние како имаме една јасна стратегија и како клуб и како тим. Најважен е клубот и начинот да се најдат добрите резултати. Порано сите меѓу себе разговаравме за тоа како да стигнеме до нашата цел. Знам дека навивачите сакаат да знаат нешто повеќе, но сега не е време да се зборува за тоа“, рече Емери.
Арсенал денеска игра против Кристал Палас, а повторно не се очекува да се појави Озил. Тоа што е уште поинтересно, Озил засега нема ни дозвола да го напушти клубот, што значи дека некогашниот германски репрезентативец, едноставно е „заглавен“ во англискиот тим.