Роналдо отворено си кажа, а Италијанците многу се налутија

Кристијано Роналдо не играше винекдов за Јувентус, а Старата дама не успеа да победи на гостувањето кај Лече и одигра само 1:1 во мечот од деветтото коло во Серија А. Португалецот не настапи бидејќи тренерот Маурицио Сари реши да го одмори за следните мечеви. Тренерот изјави дека понекогаш и на Роналдо му е потребен одмор бидејќи тоа е фудбалер кој има 34 години и не може да го издржи постојаното темпо на играње неколу дена.

Дека и на Роналдо му одговараше тоа што не играше со Лече, потврди самиот фудбалер, кој по малку го потцени италијанскиот фудбал.

„Ако јас се прашувам, би ги играл само важните мечеви. Тоа се дуелите во репрезентацијата на Португалија и Лигата на шампионите. На тие средби влогот е многу поголем, а притисокот врз главните играчи е огромен“, рече Роналдо, кој потоа реши малку да ја смири ситуацијата, па додаде: „Мора да бидете професионалец и секој ден да бидете на ниво. Чест ми е да играм за овој клуб, кој на крајот од сезоната и за тоа ме платил“, додаде Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести