Меси го помина Кристијано Роналдо по бројот на погодоци

Лионел Меси синоќа одигра маестрален меч и со два гола и две асистенции ја предводеше Барселона до убедлива победа против Валјадолид. Со тие два погодока, Аргентинецот успеа да го надмине големиот ривал Кристијано Роналдо, и тоа по бројот на постигнати погодоци на клупско ниво.

Во текот на целата клупска кариера Меси има играно само за Барселона, а веќе стигна до бројката од 608 погодоци. Роналдо сега има два помалку, односно 606 голови како играч на Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Во корист на Меси е и фактот дека капитенот на Барселона до 608 голови стигна само во 695 натпревари, додека Кристијано има одиграно 813 дуели на клупско ниво.

Роналдо вечерва игра за Јувентус против Џенова на Горан Пандев и ќе има дополнителен мотив да постигне барем два гола за да се израмни со Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести