Претставен почетниот состав на Арсенал ако Мурињо биде тренер

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо од декември 2018 е без работа како тренер. Го поврзуваат со многу клубови, но тој уште нема клуб. Сега, како негови можни дестинации се споменуваат Арсенал и Тотенхем, а фаворити се Топчиите, па англиските медиуми дури и „открија“ во каков состав ќе игра тимот под палката на Специјалниот.

Според најавите, ако Мурињо биде тренер на Арсенал, на голот би останал Лено. Стоперскиот тандем би го сочинувале Давид Луиз и Бејли, кој наводно како слободен би дошол од Манчестер јунајтед, а на бековските позиции би играле Белерин и Тирни, додека Колашинац би чекал шанса од клупата.

Пред нив во средниот ред би биле Тореира и Витсел, кој исто така е играч по вкусот на Мурињо и би го купил. Како полушпиц би играл Озил, крила би биле Обамејанг и Пепе, а централен напаѓач би сакал да биде Лаказет.

Засега ова се само желби на навивачите и новинарски замисли, но ако Мурињо дојде, тимот со мали корекции во составот не би изгледал лошо.

Навивачите на Арсенал не се задоволни од Унаи Емери и резултатите кои тој ги постигнува, особено се разочарани по киксот против Кристал палас, со што се продолжи агонијата на тимот од северниот дел на Лондон.

- Оглас -

Најнови вести