За влакно не беше освоен „ајфонот“, тоа е знак дека треба да се продолжи со Спортска прогноза

Едно од највозбудливите кола на Спортска прогноза е зад нас. Тони Т. е прогнозерот кој најмногу ќе жали што не е првиот освојувач на мобилен телефон  IPhone XS, а на крајот заврши како дел од четворицата кои погодија 11 од вкупно 13 парови.

Тони беше мајстор кој успеа да ги погоди првите 11 парови од понудата на деветтото коло. За да стигне до „Среќна 13-ка“, на Тони му останаа да ги чека уште последните два меча. На Гранада – Реал Сосиедад неговиот тип беше дека ќе победат домаќините, но наместо „кец“, Сосиедад славеше со 2:1 и гостите се радуваа на трите бода. Последниот меч од понудата беше синоќешниот дуел меѓу СПАЛ и Сампдорија, а и тука гостите се радуваа, додека Тони не верувал во победа на Сампдорија.

И со 11 погодоци Тони, заедно со Даниела, Гоце и Илија успеаја да освојат вредносни ваучери од по 500 денари од спортските обложувалници на Sport Life. Ова коло на Спортска прогноза е доказ дека за бесплатно учество и единствено со добри прогнози може да добиете ваучери или да бидете сопственик на главната премија  IPhone XS.

Паровите за новото коло од Спортска прогноза ќе бидат истакнати во текот на денешниот ден и ќе може да започнете со прогнозите и новиот атак на вредните подароци.

 

- Оглас -

Најнови вести