Се закачија Трент и Енди: Кој е подобар асистент?

Ливерпул вчера направи голем чекор со добиената битка против Манчестер сити за зацврстување на лидерската позиција во Премиер лигата. Црвените се неприкосновени, имаат 11 победи и едно реми, односно 34 бода од максимални 36 во 12 меча.

Во големата победа во која Црвените дојдоа до +9 бода предност во однос на актулениот шампион, голем придонес имаше левиот бек Енди Робертсон. Тој и колегата од спротивната десна страна, Александер-Арнолд, за составот на Јирген Клоп и оваа сезона се најголем извор за головите на европскиот првак, па откако Шкотланѓанецот ја запиша четвртата асистенција (една повеќе од Трент), му објави војна на клупскиот колега преку социјалните мрежи.

На провокацијата на „Твитер“, Трент одговори со „Побарај ме во мај“.

Инаку, минатата сезона Трент и Енди запишаа неверојатни 22 асистенции на неколку кола пред крајот од првенството, додека младиот англиски репрезентативец оствари рекорд со 12 наместени гола како прв дефанзивец во Премиер лигата кој стигнал до таа цифра. Робертсон имаше една помалку. Дефинитивно ќе биде интересно да се види кој ќе има повеќе сервирани гола на крајот од сезоната.

https://twitter.com/trentaa98/status/1193868650119344130?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1193868650119344130&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPremier-League%2Fa314237-Rat-asistencija-u-Liverpulu-Javi-mi-se-u-maju.html

- Оглас -

Најнови вести