Фудбалот е убав и кога си слаб – И Андора има магија, се слави рекорд (Видео)

Андора го слави ремито против Албанија на гости и рекордните 4 освоени бодови во квалификациски циклус за настап на Европско првенство и иако се претпоследни, се радуваа како да ја освоиле титулата.

Со двата гола на Кристијан Мартинес, Андора по пауза од 9 години и 26 меча, за првпат ја тресеше мрежата на домашна селекција, а вчеравечер ѝ успеа дури двапати да го совлада Етрит Бериша.

https://www.youtube.com/watch?v=zeWIn_ixlJs

Досега во претходните пет учества во квалификациите за настап на ЕП, Андорците немаа освоено ниту еден бод, а сега веќе имаат 4 и уште една шанса во последниот меч со Турција на свој терен дури и да го подобрат билансот.

Ако освојат барем еден бод, тоа ќе им биде историско достигнување во квалификации за Светско или Европско првенство бидејќи веќе имаат 4 бода во циклусот квалификации за последниот Мундијал во Русија пред една година.

 

- Оглас -

Најнови вести