Партизан му даде договор на легендата Алберт Наѓ и за следната сезона

Алберт Наѓ не само што ќе го води фудбалскиот клуб Партизан до крајот на сезонава, туку доби договор со важност и за следната сезона, па тој нема да биде привремен, туку официјален наследник на Игор Дуљај, со кого се разделија по разочарувачките резултати.

Наѓ, кој е дете на Црно-белите и девет години има играно за Партизан (од 1992 до 1996 и од 2002 до 2007 година), утре ќе биде и официјално промовиран пред новинарите на прес-конференција.

Како главен тренер, Наѓ има работено само во клубот Телеоптик, а го водеше Партизан и на последното лигашко дерби со Црвена ѕвезда бидејќи Дуљај беше суспендиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести