Аргентина ја доби пријателската битка против Бразил со минимални 1-0 благодарение на капитенот Лионел Меси. Гигантите од Јужна Америка ги одмерија силите пред повеќе од 22.000 гледачи во Саудиска Арабија, па човекот од одлука мораше да биде токму Меси, кој го облече националниот дрес за првпат по три месеци откако ја отслужи суспензијата од КОНМЕБОЛ.
Пресметката стана интересна уште во првите петнаесетина минути, во кои беа досудени два пенали. Првиот беше во корист на Кариоките, но Габриел Жесус не казни од белата точка во 10-тата минута, па само три минути подоцна редот дојде на Гаучосите да се заканат од пенал.
Меси сосема разбирливо ја презеде одговорноста, па иако Алисон му го одбрани ударот, топката повторно се најде пред Меси и лесно ја проследи во мрежата.
https://twitter.com/SSVT66/status/1195391090163142658