Очигледно е дека на Кристијано Роналдо му се погоди репрезентативниот собир со Португалија. Актуелниот европски првак со 6:0 ја победи Литванија, а Роналдо даде хет-трик. Сега следува само уште гостувањето кај Луксембург, каде Португалија со победа ќе го визира местото на ЕП 2020.
Дека атмосферата во националниот тим е одлична се потврдува и со видео клипот на кој Роналдо ги покажа своите вештини за крадење. За време на една прошетка, Роналдо реши да украде мобилен телефон од човек кој седеше во својот автомобил. Кристијано се доближи до автомобилот и за миг успеа да го украде.
Веднаш потоа со насмевка на лицето, Роналдо го врати мобилниот телефон и продолжи да се релаксира во прошетката.