Македонија теоретски уште има шанса за второто место во групата, кое води директно на Европското првенство следната година, но прво треба да направи чудо на денешното гостување кај Австрија, а потоа и да се прават плус калкулации. Според коефициентите во Sport Life (1.27 коефициент за кец), но и според играчите на Спортска прогноза (82 отсто типуваат кец), Австрија е голем фаворит. Во прилог на тоа е и фактот што пред пет месеци, Австрија во Скопје победи убедливо со 4:1.
Најавите се дека домаќините на мечот во Виена ќе играат во формација 4-2-3-1, а на голот ќе биде дебитантот Александер Шлагер кој брани во ЛАСК. а во дефанзивната четворка ќе бидат Лајнер, Драговиќ, Хинтерегер и Улмер. Коректори на дефанзивата ќе бидат Баумгартлингер и Лајмер, додека офанзивното трио треба да биде составено од Лазаро, Сабитцер и Алаба. Нападот е резервиран за Марко Арнаутовиќ.
Македонскиот селектор Игор Ангеловски има проблеми со неколку повредени и суспендирани играчи.
Засега како опција за стартниот состав на Македонија во формација 3-5-2 се: Димитриевски – Ристовски, Зајков, Ристевски, Тошевски, Спировски, Алиоски, Елмас, Барди, Стојановски и Пандев.