Луис Хамилтон за половина бод не успеа да стигне до второто место на трката за Големата награда на Бразил, откако Пјер Гасли успеа да го издржи нападот на светскиот шампион во Формула 1. На крајот Хамилтон заврши на третото место на пиедесталот, но и тоа беше за кратко.
Поради инволвираност во инцидент, Хамилтон заработи пет секунди казна, а тоа автоматски го однесе Карлос Саинс на третото место во конечниот поредок, додека Британецот на крајот е седмопласиран. Хамилтон го удри Алекс Албон и поради тоа е казнет.
https://twitter.com/F1/status/1196158599984271361
Трката во Бразил беше една од највозбудливите во последно време. Макс Ферстапен се радуваше на победата, а двајцата возачи на Ферари направија меѓусебен судир и сами се исфрлија од можноста да стигнат до бодови.