ЛУДА ТРКА, НЕВЕРОЈАТЕН ФИНИШ: Каква брука за Ферари, двајцата возачи сами се исфрлија, Ферстапен се радува

Возачите на Ферари се трагичари на трката за големата награда на Бразил откако останаа без болид на патеката. Шарлс Леклер и Себастијан Фетел сами си се исфрлија од трката за подиум, и тоа само на пет круга до крајот. Во еден момент двата болиди на Ферари имаа мал контакт, но тоа беше доволно да пукнат гумите од двата болиди и Леклер и Фетел да завршат во аут. Како изгледаше инцидентот може да погледнете ТУКА.

Макс Ферстапен на крајот е победник во неверојатниот финиш на патеката „Интерлагос“ во Бразил. За Ферстапен ова е трета победа сезонава.

Втор заврши Пјер Гасли, кој во луд финиш за половина болид беше побрз од шампионот Луис Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести