Роналдо конечно откри што е проблемот во Јувентус: Сите знаете дека тоа не го сакам

Кристијано Роналдо ги одигра двата меча за Португалија и беше вистински предводник кон пласманот на националниот тим на ЕП 2020. Против Литванија, Роналдо постигна хет-трик, а даде гол и на гостувањето кај Луксембург. Многумина му се налутија на Роналдо за тој погодок затоа што делуваше како да го „украде“ од соиграчот кој го чека дебитантскиот гол за селекцијата.

Роналдо сега полека се подготвува за враќање во Торино и на клупските обврски со Јувентус. Само пред една недела, Португалецот се најде во центарот на вниманието поради тоа што беше заменет само по 55 минути во дербито против Милан. Тоа беше втор натпревар по ред на кој Португалецот не играше до крај.

„Во последните три недели сум многу револтиран и се обидувам да ги докажам моите квалитети. Бев сменет на последните два меча, а сите знаете колку не го сакам тоа. По измените, во моите гестикулации и изјави нема ништо контроверзно. Се обидов да му помогнам на Јувентус, иако бев повреден, но дури и во таква ситуација не сакам да бидам сменет“, рече Роналдо, кој на крајот призна дека мора да ја почитува одлуката на тренерот.

Останува да се види дали по враќањето во Торино, Роналдо ќе има нормален однос со тренерот Маурицио Сари.

 

- Оглас -

Најнови вести