Пол Погба со прекрасна порака до Јане Велковски

Францускиот фудбалер Пол Погба преку социјалните мрежи испрати порака до 11-годишното македонско момче Јане Велковски, порачувајќи дека е горд на неговиот пријател.

Лани во март, на скопјанецот Јане, кој има ретка болест, спинална атрофија на мускулите, му се исполни големата желба да се запознае и да се дружи со мегаѕвездата на Манчестер јунајтед. Јане со неговиот брат и двајцата родители му беа специјални гости на Погба на дуелот на Јунајтед со Севилја во Лигата на шампионите.

Деновиве Јане Велковски беше специјален гостин во Обединетите нации на Светскиот ден на децата и се дружеше со познатите фудбалски асови меѓу кои и Дејвид Бекам, кој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

 

- Оглас -

Најнови вести