Нашето момче Јане е омилен во светот на фудбалот – Дружба со Бекам на Светскиот ден на децата

Јане Велковски беше специјален гостин во Обединетите нации на Светскиот ден на децата и се дружеше со познатите фудбалски асови. Дејвид Бекам, кој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, беше еден од познатите асови што се сретна со нашиот јунак.

Јане има 11 години и бие битка со спинална атрофија на мускулите. Постојано е во количка, но не се предава. Неговата ведрина и храброто држење во битката со болеста предизвика многу симпатии кај сите во Македонија, особено кај спортистите.

Бобан Николов и останатите наши репрезентативци имаат страствен навивач, а нашето момче Јане сега беше и специјален гостин во Обединетите нации на Светскиот ден на децата.

- Оглас -

Најнови вести