Клиперс и Денвер фатија залет, Бруклин има „два од два“ против градскиот ривал (видео)

ЛА kлиперс фати добар залет и ја нанижа петтата победа во низа за приклучок со водечките екипи на Западот. Во „Стејплс центарот“ не помина добро екипата на Њу Орлеанс пеликанс при убедливи 134:109 во корист на Клиперс. Интересно е што тренерот Риверс во својот состав има два врвни кошаркари во Кавај Ленард и Пол Џорџ, но овојпат за победата најзаслужен беше Монтрецл Харел.

Домаќините од старт изградија двоцифрена предност која ја одржуваа во текот на целата средба, па на крајот се славеше лесна победа со 25 поени разлика. Харел заврши со дабл-дабл од 34 поени и 12 скока, следеше Ленард со 26 поени кои ги постигна за помалку од 28 минути, Џорџ е дури четврти најефикасен од тимот на Клиперс со 18 поени. За Пеликанс расположен беше Инграм со 24 поени и 8 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=mUHDzCJFnHM

И Денвер ја оствари петтата последователна победа совладувајќи го тимот на Феникс санс со 116:104. Во победничката серија Нагетс дојдоа до четвртиот триумф на домашен терен, до новиот успех ги предводеше искусниот Пол Милсап со 23 поени и Џамал Мареј со 22 поени.

Сонцињата добро се држеа до последниот период и дури влегоа со минимална предност во последните 12 минути. Сепак, во клучните моменти Денвер направи две мини-серии од 7-0, па на тој начин им се отвори патот за нов позитивен исход.

https://www.youtube.com/watch?v=YvXt_QwYIDg

Бруклин нетс вторпат сезонава го надигра градскиот ривал Њујорк никс со минимални 103:101. Нетс без Ирвинг во составот, како гости во култната сала „Медисон сквер гарден“ им го нанесоа 13-тиот пораз на Никс, пред сè благодарение на одличното издание на Динвиди и неговите 30 поени.

Сакраменто кингс славеше на гостувањето во Вашингтон против Визардс со 113:106.

 

- Оглас -

Најнови вести