Го претставија како засилување, а потоа сфатија кој е, и викнаа полиција да го уапси

Челниците на данскиот клуб Виборг, пред неколку недели објавија дека Бернио Верхаген е ново засилување за тимот и дека потпишале договор со него до крајот на сезоната, но се покажа дека клубот бил измамен.

Дека Верхаген не го бива за играње фудбал, тренерите виделе уште на првиот тренинг, па го оддалечија фудбалерот од екипата. Бил ангажиран откако виделе видео-снимка со неговите потези, но се покажа дека човекот кој доаѓал на тренинзи, не е истиот од видеото.

Виборг му ги раскина договорот, и одлучија да го пријават во полиција за измама. Бернио е обвинет за кражба на идентитет и фалсификување документи. Тој во минатото веќе бил апсен и тоа за насилство над девојка, кражба и закани кон сведоци.

Лажел дека има играно за Вилем Втори, за уште 5-6 клуба, дури и за еден чилеански. Но, утврдено е дека никогаш не играл за ниту еден од овие клубови, па сега ќе треба да објасни кој му помогнал во измамата, и како успеал да ги излаже челниците на Виборг дека има фудбалски квалитети.

- Оглас -

Најнови вести