Шпанецот Унаи Емери веќе не е тренер на Арсенал. Клубот од Лондон ја извести јавноста дека е раскинат договорот со стручњакот кој седна на клупата на почетокот на минатата сезона. Во наредниот период, до наименување на нов тренер, екипата ќе ја води Фредрик Љунгберг.
Емери дојде во Арсенал како наследник на легендарниот Арсен Венгер, но не направи резултати какви што се очекуваа. Серијата од седум натпревари по ред без победа, е нешто што на тимот му се немаше случено 27 години, Арсенал прима многу голови, па најпаметно беше да дојде до разделба.