Арсенал утрово му врачи отказ на Унаи Емери по 18 месеци соработка. На неговото место привремено ќе биде клупската легенда Фреди Љумберг, откако управата ја загуби сета доверба во Шпанецот поради кризата во која влезе тимот, но воедно и по вчерашниот пораз од Ајнтрахт на домашен терен што ја прелеа чашата.
Топчиите се без триумф во Премиер лигата речиси два месеци, последен пат славеа против Борнмут на 6 октомври, додека немаат победено во последните седум меча во сите натпреварувања. Нормално е неуспесите на тимот да бидат препишани на тренерот, така било секогаш и ќе биде, но една статистика покажува дека всушност, во овој случај не е така.
Арсенал ниту се подобрил со Емери, а ниту направил чекор назад во однос на учинокот што го имаше под палката на Арсен Венгер во неговите последни денови на „Емирати“. Поранешниот англиски првак освои идентичен број на поени во првите 51 првенствени меча (88) под водство на Емери, а истиот учинок го имаа во последните 51 натпревари со Венгер.
Двајцата стратези раководеа со речиси истиот тим, со мали промени во составот откако екстренерот на Севилја и ПСЖ пристигна во Лондон. Оваа статистика подолу покажува дека Арсенал тапка во место без разлика кој седи на клупата.
Единствената разлика е во тоа што Венгер стана икона на клубот со неговата дведецениска посветеност и со тоа што од Арсенал своевремено направи велесила, која во изминативе неколку години го изгуби сјајот.
88 – Arsenal won exactly the same number of points in Unai Emery’s 51 Premier League games as they did in Arsene Wenger’s final 51 games in charge (88 points). Preservation. pic.twitter.com/vu7qqf2pCg
— OptaJoe (@OptaJoe) November 29, 2019