Не само Италија, и Германија доби нов лидер

Борусија Менхенгладбах го порази Фрајбург со 4-2, сосема доволно за три бода и преземање на првото место на табелата во германската Бундеслига. За Фрајбург, ова е само трети пораз сезонава, но гостите не можеа да се одбранат од нападот кој го предводеше Швајцарецот Емболо (даде два гола и утна пенал).

Еден од головите за госитте го даде Џонатан Шмид кој има четири погодоци од слободен удар од минатата сезона наваму.

За Борусија, ова е втора најдобра сезона во клупската историја. Само во сезоната 1976/77 кога станаа шампиони на Германија, имаа повеќе бодови (33) отколку сега во оваа фаза од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести