Игрите кои ги прикажува Лука Дончиќ во НБА-лигата изненадуваат многумина кои не го познаваат добро, па дури и Дирк Новицки, најголемата легенда на Далас маверикс, тимот чиј дрес го носи сега 20-годишниот Словенец.
Лука, кој лани беше трети пик на драфтот, во минатата сезона се фотографираше и бараше потпишан дрес од Леброн Џејмс, а сега е во таква форма што го победува славниот Леброн во меѓусебен дуел. Дончиќ му дава тројки в лице на Леброн, нема нешто што не може да направи на кошаркарскиот терен. И потсетување, уште е дете, има само 20 години.
„Искрено, мислев дека транзицијата од Европа во НБА ќе му биде тешка во првите една-две години. Но, тој гледате како прави трипл-дабли, луѓето го сакаат, станува подобар од меч во меч. И експертите некогаш може да погрешат во проценката“, изјави Новицки.
Лука е третиот со трипл-дабл просек во еден календарски месец, ги подобри сите статистички бројки од дебитантската сезона. Тој вели дека кошарката е како шах.
„Кошарката е како шахот. Треба само да ја читате играта. Ако ве удвојат, тоа значи дека има еден ваш слободен соиграч и треба да му додадете“, вели Дончиќ околу неговите сфаќања за спортот кој го игра со голема леснотија.