Кристијано Роналдо одби да дојде во церемонијата во Париз на доделувањето на Златната топка, која му припадна на Лионел Меси. За Аргентинецот ова е шеста Златна топка со што го надмина Роналдо, кој остана на пет вакви одличја.
Зад Меси во овој избор заврши Вирџил ван Дајк, кој непосредно пред прогласувањето на победникот доби прашање: „Роналдо не дојде, значи ли тоа дека еден ривал е помалку во борбата за Златната топка?“
Ван Дајк на ова одговори со потценување кој Португалецот. „Зошто? Зар тој беше кандидат за освојување на Златнта топка?“, одговори Холанѓанецот од Ливерпул.
Иако многумина очекуваа дефанзивецот на Ливерпул да ја освои наградата, Ван Дајк мораше да се задоволи со второто место зад Меси.