Скандал во Јунајтед: Ентони го навредувал Тен Хаг, некој од соиграчите го пријавил кај тренерот

Бразилскиот интернационалец, Ентони, важи за едно од најголемите промашувања од историјата на Манчестер јунајтед. Тој во 2022-рата беше купен од Ајакс за сума од 95 милиони евра, но на 80 натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“ постигна само 11 гола и запиша пет асистенции.

Во Манчестер јунајтед не се покажа ниту по игрите на теренот, ниту по однесувањето надвор од него. Сега го чека суспензија, бидејќи во групниот чет со останатите играчи го нарекол Ерик тен Хаг „тренерот со ќелава јајцевидна глава“. Некој од соиграчите оваа порака му ја покажал на холандскиот тренер, па сега бразилецот се соочува со суспензија поради недисциплина.

Ентони веќе подолго време е на удар на навивачите на Манчестер јунајтед, а кулминацијата беше провокативното славење на победата на пенали против Ковентри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести