Тренерот на Челзи, Френк Лампард, во изјава поврзана со симнувањето на забраната за трансфери рече дека Сините од Лондон нема да полудат и да купуваат на слепо расфрлајќи се со многу пари. Челзи синоќа се пласираше во осминафиналето на ЛШ и ако сакаат да бидат доволно конкурентни во Европа напролет, треба да се засилат.
„Смирен сум во врска со трансфер-прозорецот. Не планираме да полудиме само затоа што забраната е симната. Докажавме и во првенството и во ЛШ можеме да бидеме конкурентни. Но, ако сакаме да се развиваме, ќе треба да бидеме подобри во реализацијата, добро би ни дошла и креативност во средниот ред и нападот”, изјави Лампард.