Олимпијакос во 88-мата минута обезбеди европска пролет во ЛЕ, Баерн стигна до максимални 18 бода

Олимпијакос ќе игра во нокаут-фазата, но во рамките на Лигата на Европа. Гигантот од Пиреја избори минимален триумф против Црвена ѕвезда, што беше доволно да се освои третото место од групата Б.

Црвено-белите претрпеа големо разочарување откако Ел Араби стрелаше за 1-0 во корист на Олимпијакос во 88-мата минута, и тоа од белата точка. Уште повеќе ќе ги боли фактот што самите можеа да реализираат гол од пенал, но Томане уште во првиот дел беше непрецизен и ќе се памети како трагичар за српскиот првак.

Олимпијакос со 4 бода ќе игра во нокаут-фазата во ЛЕ, Ѕвезда остана на еден бод помалку.

Во Минхен се играше дербито на колото, а Баерн го надигра Тотенхем со конечни 3-1. Баварците освоија максимални 18 бода по шест меча и од првото место во групата Б веќе се познати патниците во нокаут-фазата.

Коман донесе предност за домаќините во 14-тата минута, пред Сесењон да израмни на 1-1 во 39-тата минута. Сепак, Милер се погрижи за Баерн да оди со нова предност на пауза, а Кутињо по еден час игра ја повреди победата.

https://twitter.com/SoloFGoles/status/1204867437000364035

- Оглас -

Најнови вести