Сите гледаа во Погба и неговите браќа додека играа на свадба (Видео)

Пол Погба нема да игра на утрешниот натпревар од Карабао купот помеѓу Манчестер јунајтед и Колчестер, а објаснувањето од Црвените ѓаволи е дека тој е болен. Повредата на глуждот на ногата е минато, а дека нема никакви проблеми, францускиот фудбалер покажа и викендов, на свадбата кај неговиот брат Флорентен.

Погба нема играно 75 дена, но според прикажаното на свадбата, веќе нема проблем со ногата.

Браќата Погба се познати по својот голем мерак да танцуваат танци кои се карактеристични за африканските племиња и народи. Тоа го покажаа и на свадбата, а додека играа, сите наоколу зјапаа во нив и ги поддржуваа. Пол носеше зелено сако и панталони, а потоа му стана топло и остана по кошула.

Погледнете го танцот:

https://www.youtube.com/watch?v=Ih2UD8WfswA

- Оглас -

Најнови вести