Дејан Станковиќ е нов тренер на Црвена ѕвезда

Владан Милојевиќ веќе не е тренер на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда, а функцијата шеф на стручниот штаб ќе ја презеде легендата Дејан Станковиќ. Иако договорот на Милојевиќ беше до јуни, тој си оди по две и пол успешни сезони, во кои го водеше тимот и во Лигата на шампионите. Милојевиќ си оди поради презаситување, па на негово место доаѓа популарниот Деки.

Станковиќ досега не бил во улога на главен тренер, а има работено како помошник на Андреа Страмачони во Удинезе.

Како играч, Станковиќ во Ѕвезда играше од 1995 до 1998 година, а кариерата ја заврши во 2013 година во Интер. За Србија одигра 103 меча. Денеска се очекува и официјализација на договорот на Станковиќ, а некои новинари веќе објавија дека работата е договорена. Исто така, низ Белград кружи аудиоснимка на која се слуша глас кој личи на тој на Станковиќ и во кој тој вели: „Само да ти јавам дека станав тренер на Ѕвезда, испиј нешто и за мене, те љуби братот“.

 

- Оглас -

Најнови вести