Солскјер: Манчестер сити е најдобриот тим во Англија

Менаџерот на Манчестер јунајтед,  Оле Гунар Солскјер, не беше воодушевен од ждрепката за полуфиналето во Карабао купот, каде што им се падна градскиот ривал Манчестер сити. Норвешкиот тренер смета дека Сити е најдобриот тим во Англија, и покрај тоа што Ливерпул доминира во Премиер лигата и има огромна предност пред составот на Пеп Гвардиола.

Јунајтед и Сити своите две битки од Карабао купот ќе ги водат во јануари, а во лигата Црвените ѓаволи го поразија фаворитот.

„Мечевите ќе бидат фантастични, празници на фудбалот во Манчестер. Сити е најдобриот тим во Англија, а ние со голема самодоверба ќе влеземе во дуел со нив. Го имаме респектот за нив, како што кажав и по неодамнешното дерби, за мене тие се најдобриот тим во Англија, може секого да го надиграат, но покажавме дека можеме да им направиме проблеми“, вели Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести