Третолигашот Оксфорд против Манчестер сити постигна нешто што не му успеало на ниту еден друг тим во ерата на Гвардиола

Оксфорд јунајтед беше елиминиран во четврт-финалето на Карабао купот од фаворитот Манчестер сити, но и покрај поразот од 1:3, третолигашот постави еден рекорд. Оксфорд стана тимот кој успеал да упати најмногу удари кон голот на Манчестер сити откако на клупата е седнат Пеп Гвардиола.

Играчите на третолигашот успеаја да упатат дури 18 удари кон голот на Клаудио Браво, нешто што не им успеало на ниту еден друг противник, без разлика дали е тоа тим од Англија или друг тим од Европа. Претходно, најмногу удари кон голот на Манчестер сити имаше упатено Ливерпул, и тоа во Комјунити шилд мечот на почетокот на сезонава, кога Граѓаните победија на пенали.

Во Премиер лигата, во ерата на Пеп Гвардиола, најмногу удари кон голот на Сити упати Ливерпул, и тоа 16, а исто толку пати шутнаа и играчите на Селтик во Лигата на шампионите – 16, што се два шута помалку од тоа што шутнаа фудбалерите на третолигашот Оксфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести