Како изгледа кога Џерард сака да се тепа како тренер (Видео)

Во текот на играчката кариера, Стивен Џерард важеше за еден од оние играчи кои ретко избувнува на теренот. Ретко кога можеше да се види Џерард во ситуација да сака да се тепа. Сега, како тренер на Глазгов Ренџерс, популарниот Стиви Џи, избувна на дуелот против Хибернијан.

Во еден момент, играч на Хибернијан остро стартуваше врз фудбалер на Ренџерс, а тоа беше момент по кој реагираше Џерард кај четвртиот судија. Тогаш од клупата на домашниот тим станаа неколку членови и малку фалеше да дојде до тепачка.

Еве како изгледа кога Џерард е навистина лут.

 

- Оглас -

Најнови вести