Лацио вторпат во три години го надигра Јуве во Суперкупот

Лацио во 15 дена ја оствари втората победа против Јувентус, а со конечните 3-1 избраниците на Симоне Инзаги го освоија трофејот во италијанскиот Суперкуп. По вторпат во последните три години римските Орли се освојувачи на ова натпреварување, а и во 2017 година ја надиграа Старата дама, тогаш славеа со 3-2.

Веќе по 16 минути игра Лацио поведе преку Луис Алберто, но Дибала не дозволи неговиот тим да оди на пауза со резултатска негатива. Во последните 20 минути од мечот, Лулиќ и Каталди го поставија конечниот резултат, додека Јуве остана и со играч помалку на теренот пред голот за 3-1 во судиското надополување, а исклучување заработи Бентанкур.

Со овој пораз тренерот Маурисио Сари ја пропушти првата шанса да освои трофеј со новиот клуб, а во игра останаа трите поважни – Серија А, Лигата на шампионите и италијанскиот Куп.

- Оглас -

Најнови вести