Тодибо сè поблиску до Милан

Милан и Барселона постигнаа договор околу ангажманот на младиот стопер Жан – Клер Тодибо. Французинот би требало да биде првата зимска аквизиција на Росонерите, кој на „Сан Сиро“ ќе дојде како позајмен играч, а по крајот на сезоната Милан се обврза да исплати 25 милиони евра.

На Милан му преостанува да ги договори личните услуги со Тодибо, но Росонерите имаат конкуренција бидејќи Монако и Манчестер јунајтед исто така се интересираат за неговите услуги.

Деветнаесетгодишниот дефанзивец потпиша за шпанскиот првак во ланскиот јануарски преоден рок, но ретко добива шанса да се докаже кога првите опции во одбраната се достапни за Валверде. Оваа сезона веќе настапи на „Сан Сиро“, поточно на „Џузепе Меаца“ кога Барселона се сретна со Интер во групната фаза во Лигата на шампионите, а има и два настапи во шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести