Ѓаволите им поставија два услови на Кралевите за Погба: Винисиус и пари или само пари

Манчестер јунајтед постави два услови за да му дозволи на Пол Погба да се пресели во редовите на Реал Мадрид. Французинот е слободен да си замине доколку Кралевите прифатат еден од условите, а тоа се 85 милиони фунти во пакет со Винисиус јуниор или Реал да искешира 160 милиони фунти.

Ова се единствените начини според кои Јунајтед би се согласил да го продаде светскиот првак, а притоа да оствари профит. Зимскиот преоден рок се ближи, па оваа сага ќе биде една од најинтересните за следење, како што беше во изминатите трансфер-периоди.

Веќе долго време се очекува доаѓањето на Погба на „Сантијаго Бернабеу“, што за него би било остварување на сонот да го облече белиот дрес. Но, се прашува и Зинедин Зидан дали ќе сака да му дозволи на Винисиус да си замине, знаејќи дека е еден од најперспективните млади играчи во Европа.

- Оглас -

Најнови вести