Голден Стејт како во шампионските денови – има четири победи во низа

Во изминативе неколку години се навикнавме да го гледаме Голден Стејт како победува во серија. Сепак, сезонава Воините се далеку од шампионскиот ритам. Откако останаа без клучните играчи кои се повредија и отсуствуваат подолг период, Голден Стејт се најде на дното на Западната конфедерација.

Воините го имаа најслабиот биланс со само пет победи и 24 порази, но клубот кој беше шампион во 2015, 2017 и 2018 година, полека како да се буди. Голден Стејт нареди четири победи по ред, последната против Феникс санс со 105:96. Интересно е што во првите три четвртини, гостите доминираа и ги добиваа со по четири поени предност, па Сонцата во последните 12 минути влегоа со позитива од 12 разлика.

Сепак, Голден Стејт во решавачката четвртина одигра феноменално и ја доби со 39:18, за сигурна победа на крајот. За Феникс ова беше осми пораз во низа.

Тимот со најдобар биланс, Милвоки бакс немаше никакви проблеми на гостувањето кај Атланта и победи со 112:86. Уште во првото полувреме гостите поведоа со 23 поени разлика (63:40) и беше јасно кој ќе биде победникот.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска во НБА: Шарлот – Оклахома 102:104 по продолжение, Орландо – Филаделфија 98:97 и Мајами – Индијана 113:112.

- Оглас -

Најнови вести