Рајола: На Погба му треба тим, Манчестер би ги уништил и Пеле и Марадона

Еден од најпознатите фудбалски агенти, Мино Рајола, во интервју ја искоментира ситуацијата со неговите најпознати клиенти, а особено критички беше настроен кон Манчестер јунајтед за кој мисли дека не е вистински клуб за Пол Погба. Рајола е човек кој е најзаслужен за трансферите на Златан Ибрахимовиќ во Милан и на Ерлинг Халанд во Борусија Дортмунд, како главни трансфери засега во зимскиот преоден рок.

„Златан не можеше да си дозволи кариерата да ја заврши во Лос Анџелес. Тој ќе го забавува светот во следните шест месеци. Тоа ќе биде како последната турнеја на Квин. Де Лихт сите го сакаа, а тој сакаше да стане најдобар дефанзивец на светот. Јувентус е вистински избор. За Халанд, Италија не е вистинското место. Тој е напаѓач, Италијанците немаше да го ценат неговиот талент. Моисе Кен ако останеше во Јуве, ќе го позајмеа во Серија Ц. Јас земам процент од трансферите, сумата зависи од платата на играчот, но на никого не му ставам пиштол на чело да го направи тоа“ – вели Рајола.

Потоа Рајола кажа дека се „тепал“ со Алекс Фергусон за Погба.

„Сер Алекс е единствениот што не го сакаше Погба. Никогаш не го прифати. Проблемот на Пол е Манчестер јунајтед. Тие се надвор од реалноста, немаат спортски проект. Тие би ги уништиле и Марадона, Пеле или Малдини. На Пол му треба тим и клуб каков што беше Јувентус“ – објаснува Рајола.

- Оглас -

Најнови вести