Најмаркатниот овен ќе дебитира за Дерби веднаш по Нова година

Вејн Руни ќе биде големо засилување за Дерби Каунти во продолжението од сезоната во Чемпионшип лигата, а според најавите ќе дебитира за новиот клуб во четврток на втори јануари.

„Руни е здрав во форма е и можно е да биде и стартер против Барнсли. Очекуваме многу брзо да биде и максимално подготвен. Сите во клубот се возбудени што за нас ќе игра фудбалер од висок калибар. Од него оечкуваме да биде лидер на тимот“, вели Коку.

Руни потпиша договор со Дерби уште во август, но одлучи да ја заврши сезоната во МЛС лигата. Популарните Овни, како што е прекарот на Дерби Каунти, со Руни во составот очекуваат да направат подвиг и да се пласираат во баражот за настап и во Премиерлигата.

Моментно се на 17. место со 30 бода, 9 помалку од Шефилд Венздеј, екипа што го затвара квартетот што би играл плејоф мечеви за плсаман во највисок ранг следната година.

- Оглас -

Најнови вести