Јувентус планира да му го продолжи договорот на Кристијано Роналдо на дополнителна година, според кој Португалецот би се задржал во Торино до 2023 година. Тоа значи дека Роналдо ќе игра за италијанскиот првак и на 38 години.
Ексѕвездата на Реал Мадрид моментално заработува 31 милион евра по сезона, а таа сума може да се зголеми по потписот на новиот договор. Неговиот агент Жорж Мендеш веќе е во преговори со клубот, а наводно е да се потпише соработката пред крајот на оваа сезона.
Откако се пресели на „Алијанц“ стадионот во 2018 година, Роналдо запиша 64 настапи за Старата дама во сите натпреварувања, на кои постигна 40 погодоци и 12 асистенции.