Сеск Фабрегас уживаше во победата на Арсенал против Манчестер јунајтед и иако дел од симпатизерите на клубот го критикуваа за преселбата во Челзи, сепак покажа дека е страствен „ганер“.
„Ова е далеку најдобрата претстава на Арсенал во последно време. Момците одиграа перфектно и не му дозволија на Манчестер јунајтед да шутна на гол“, напиша некогашниот капитен на Арсенал.
Фабрегас беше член на тимот од Лондон во периодот од 2003 до 2011 година, а иако потоа играше и за Басрелона, Челзи и сега за Монако, токму за Топчиите одигра најмногу натпревари во кариерата.
За Арсенал настапи на 212 меча и постигна 35 голови, а со објавата на „Твитер“ покажа дека клубот сè уште му е фаворит и при срце.