Игра во животна форма во Баер Леверкузен, а сега го водеше тренингот на германски петтолигаш

Фудбалерот на Баер Леверкузен, Гранит Џака, уште отсега знае што ќе работи кога ќе заврши со активното играње фудбал. Триесет и едногодишниот репрезентативец на Швајцарија вчера го водеше тренингот на германскиот петтолигаш, Унион Нететал, но само во рамките на полагањето за добивање УЕФА „А“ тренерска лиценца.

Швајцарецот со косовски корени забрзано работи на добивање на тренерските лиценци, а трансферот од Арсенал во Баер Леверкузен за него се покажа како вистински потег со оглед на тоа дека ја освои титулата во Германија, но има и од кого да го учи тренерскиот занает.

- Оглас -

Најнови вести